MasterCard и WISeKey формираа партнерство со цел да овозможат бесконтактно плаќање со помош на одредени луксузни брендови на часовници и останати уреди за носење, стои во соопштенито на MasterCard. WISeKey моментално работи со богата листа на врвни производители на часовници како на пример Bulgari, коишто го користат патентираниот безбедносен софтвер на компанијата наречен WIS.WATCH.
Ова партнерство ќе додаде нови уреди и брендови на веќе постоечките MasterCard програми со цел да се овозможи плаќање со секој моден додаток или уред за носење – од стегачи за фитнес до фрижидери.
Благодарение на посветеноста на двете компании кон зголемување на сигурноста на плаќањето како во реалниот, така и во дигиталниот свет, MasterCard ќе ја интегрира својата технологија на плаќање со технолошките решенија на WISeKey – Cryptographic Root of Trust for IoT и NFCTrusted©, со што ќе им овозможат на потрошувачите слободно да купуваат користејќи го нивниот часовник или друг електронски уред.
“WISeKey и MasterCard заедно ќе отворат нова врата за е-трговија и маркетинг можности во однос на луксузните уреди за носење и производителите на часовници. Потенцијалот за подобрување на комуникацијата со клиентите ќе доведе со зголемена лојалност и повторно купување”, вели Карлос Мореира, извршен директор на WISeKey.
WISeKey е водечка компанија во светот за обезбедување на решенија за дигитална сигурност, а основана е во 1999 година во Женева.