Макао ќе стане дом на најлуксузниот хотел во светот, каде за комплетирање на една соба беа потрошени 7 милиони долари, пишува Telegraph. Хотелот ќе содржи вкупно 200 соби, а за неговата изградба одвоени се 1,4 милијарди долари.
Освен беспрекорното луксузно сместување и удобности, на гостите ќе им биде достапен батлер 24 часа, како и пристап до неколку автомобили од моделот Rolls-Royce Phantoms.
Најмалиот апартман во The 13 Villa du Comte ќе зафаќа површина од 186, додека најголемиот Villa de Stephen, 2.787 метри квадратни. Ултра луксузниот хотел планирано е да се отвори летово, а истиот е финансиран од кинескиот милијардер Стивен Ханг.
Еве како изгледа Villa du Comte.