Човекот кој го измисли имејлот што денес го користиме, почина на 74 годишна возраст, пишува CNBC. Реј Томлинсон беше креатор и на знакот @ без којшто не може да се замисли имејл адреса.
Томлинсон го измисли системот каде што корисник од една мрежа може да испрати порака до корисник на некоја друга мрежа, а тоа за прв пат беше направено во 1971 година. Првиот имејл беше пратен помеѓу две машини коишто беа поставени една до друга.
Тој е добитник на многу награди поврзани со имејлот, а беше првиот човек што напиша и испрати порака на системот ARPANET, компјутерска мрежа креирана за владата на САД и предвесник на интернетот.