Tovala е мултифункционален кујнски апарат што истовремено може да вари, да готви на пареа, да пече на скара, во рерна, да биде микробранова или тостер.
Идејата е да ги земени сите кујнски апарати и да ја минимизира работата што е потребна за подготовка на храна. Tovala подготвува секаква храна вклучувајќи риба, пилешко, тестенини, зеленчук, пченка, разни видови на каши, па дури и јајца на око.
Состојките на оброците се одбрани и направени од врвни готвачи, а корисникот ги добива во својот дом подготвени за готвење во повеќенаменскиот уред. Сè што треба да направите е да го скенирате бар кодот на кутијата од оброкот, да го ставите во вашата Tovala и да притиснете старт. За 10 до 30 минути, во зависност од оброкот, вашето јадење ќе биде готово.
Јадењето може да се подготви на ваш начин – вие избирате како сакате истото да биде зготвено или пак да оставите на веќе готовата програма преку скенирањето на бар кодот.
Tovala доаѓа заедно со цела библиотека од рецепти, како безглутенски јадења, вегетеријански, вегански, ниско калорични и јадења без шеќер. Преку апликација корисникот може да го контролира начинот на готвење, вклучувајќи го начинот на загревање, времето и температурата. Освен тоа постои опција да се одбере и систем со различни етапи на готвење и начини на загревање.
Според креаторот на овој уред Дејвид Раби цената на Tovala може да се искачи и до 279 долари, а машините се очекува да почнат да се испорачуваат пред крајот на 2016 година.