На главниот извршен директор на Coca-Cola, Мухтар Кент, платата му била намалена за 42% минатата година, пишува Bloomberg.
Годишната плата на Кент за 2015 година се намали на 14,6 од 25,2 милиони долари во 2014 година.
“2015 беше година на транзиција на компанијата, поради што го намаливме бројот и вредноста на долгорочните бонуси и награди на вработените“, изјави Мел Лагомасино, претседател комисијата за надоместоци и награди на Coca-Cola.