Како да бидете чекор пред конкуренцијата

29

konkurencija

Фото: Pixabay

Во природата на секој човек е да се натпреварува. Кај некои оваа карактеристика е поизразена за разлика од други. Се натпреваруваме со нашите колеги, со конкурентни компании, но и со самите себе – сакаме да бидеме подобри од она што сме.

Еве како тоа да го постигнеме.

Сменете го начинот на размислување во “можам”

За да се оспособите себе си да делувате на овој начин, треба да го смените начинот на којшто размислување. Секое двоумење, страв, срам треба да се заменат со можење, умеење и силна волја. Вие сте тие што ја имате контролата врз себе и не дозволувајте никој да ве спречи во намерите, па дури ни вашето сопствено колебање.

Поставувајте добри прашања

Како ова ќе влијае на нашите клиенти? Дали ги имаме потребните ресурси/обуки/тренинзи? Дали имаме доволно вработени со вештини што ни се потребни? Дали имаме разгледано и други опции? Што прави нашата конкуренција? Ова се само дел од прашањата чии одговори можат да се анализираат со цел да бидете предвреме подготвени да ги понудите вашите решенија за конкретните проблеми и задачи.

Покажете креативност при мерење на резултатите

Повеќето од резултатите на бизнисите и проектите не можат да се измерат во целост. Секако, зголемена или намалена продажба кажува многу, но има уште индикатори што треба да се земат во предвид. Оние што од љубопитност ќе нурнат подлабоко во информациите и успеат да измерат одредени резултати на поинаков, креативен начин ќе бидат чекор наред и во голема мера вреднувани.

Создадете врски

Поврзувањето со луѓе годи секому. За да го направите тоа како што треба, треба да дознаете што работат луѓето кои ги познавате и што би можеле да понудат. Оваа карактеристика ја имаат оние со широк круг на познанства, за разлика од останатите со многу помалку луѓе во својата мрежа. Затоа создадете врски и негувајте ги.

Бидете повеќе она што сте

Она што најмногу може да ви помогне да бидете подобри од другите е да бидете максимум од она што сте. Тоа значи да се познавате себе си, вашите гледишта, желби и силни страни доволно добро и да им дозволите да додадат форма и боја на она што го правите. Само така ќе ја зголемите конкурентноста и вашата оригиналност ќе ви обезбеди поголема видливост во големата толпа.