Ексклузивниот италијански бренд за мебел Lube пристигнува во Македонија

77

lubekijni (5)

Италијанската компанија Lube, којашто е интернационален бренд во производство за кујни и плочест мебел, кон крајот на овој месец пристигнува и во Скопје.

Компанијата Елит Софа станува официјален застапник за производите од линијата на Lube cucine и Creo Kitchens, а дел од мебелот кој ќе биде достапен за нашиот пазар ќе биде изложен на саемот за мебел од 22 до 27 март 2016.

Во модерниот showroom уреден по пример на светските саеми за мебел, во стаклената хала М1, Елит Софа ќе презентира ексклузивен мебел со врвен квалитет, наменет за современо и стилско живеење.

Благодарение на квалитетот и флексибилноста на производите, како и можноста да ги вклопи своите производи во најразлични социјални и културни контексти, Lube освен што е водечки бренд за кујни во Италија, исто така има развиено успешна мрежна на претставништва во над 60 земји во светот.

Кујните се изработуваат од исклучиво квалитетни материјали кои според бојата, структурата и текстурата се одбираат од самиот клиент кој може сам да си ја креира својата кујна, одбирајќи меѓу илјадниците можности, стилови, дизајни, елементи, бои и материјали. Секоја кујна се прави со најдобрите Bлоом механизми за елементите, а за оние кои бараат комплетно решение, кујните на Lубе во својата понуда вклучуваат и електрични уреди, совршено вградени во самата кујна.

Освен кујните, овој бренд нуди и ТВ комоди кои може да бидат идеално надополнување на кујната, како и спални и детски соби.

Сите овие модерни дизајни може идеално да оформат една целина, комплетирана со веќе докажаниот дизајн и квалитет на софите и гарнитурите кои ги произведува Елит Софа. Производи кои овозможуваат ново, модерно уредување наменето за оние кои бараат нешто поинакво и уникатно, и од аспект на дизајн и од аспект на квалитет.