Mandalay, вилата којашто се наоѓа на островот Мистик во Свети Винсент и Гренадини, каде легендарниот Дејвид Боуви престојуваше во своето слободно време е достапна за изнајмување.
Азискиот дом на пејачот беше изграден во 1989 година и изобилува со многу јапонски елементи, пишува Luxpresso.
Вилата има пет спални соби, пространа трпезарија, играчница, читална, водопади, инфинити базен, градини и неколку рибници со декоиративни риби. Секоја од собите има своја веранда што води кон базенот.
Освен тоа во вилата има и студио со бина чиј таван и ентериер се од бамбусова трска.