Кока Кола планира да ги удвои досегашните инвестиции во Индија и во следната деценија да вложи пет милијарди долари во проширување на капацитетите, со оглед на тоа дека земјата до 2020 година највероватно ќе стане најголем светски пазар на млади потрошувачи. Кока Кола од почетокот на работењето во Индија во 1993 година, со купувањето на производителот на фирмата за пијалоци Парле и нејзините брендови Там-уп и Лимка, инвестира приближно две милијарди долари.
Фирмата во Индија применува „хибриден модел“ на работење односно комбинација на сопствени и франжизни фабрики за полнење на пијалоците. Глобалниот директор на Кока Кола, Мутхар Кент изјави дека Индија со над 1,2 милијарди жители „има речиси неограничен потенцијал за раст“. Тој очекува Индија до 2020 година за Кока Кола да стане еден од петте најголеми пазари на светот.