Universal Studios планира да отвора ресторан што ќе биде во знакот на познатиот филм за Чарли и фабриката за чоколади, пишува Paste. Ресторанот ќе го носи името Toothsome Chocolate Factory & Savory Feast Emporium, внатре ќе има високи оџаци, необични гаџети, а вработените ќе носат униформи во стилот на култниот Вили Вонка.
Сепак, најважно од сè ќе биде менито. Посетителите освен во глетката ќе можат да уживаат и во вкусни јадења од типот на разни бургери, тестенини, салати, палачинки, сладоледи, милкшејк и секако, прекрасни чоколадни задоволства.
Градбата нема да биде само ресторан, туку и мала фабрика за чоколадо, каде гостите ќе можат да гледаат како се прават вкусните креации. Ресторанот ќе биде лоциран во CityWalk, еден вид забавен парк во близина на тематските паркови на Universal во Холивуд, Калифорнија.