Ресторани во Кина “отпуштаат” роботи поради некомпетентност

55

1263636051977206669Три ресторани во кинескиот град Гуангжу мораа да ги отпуштат своите роботи откако забележаа дека нивната некомпетентност ги чини прилично многу, пишува Telegraph.

Два ресторана беа принудени да престанат со работа откако открија дека роботите не биле во состојба да исполнат обични задачи како што се земање на нарачка, ставање на пијалок во чаша и носење на супа. Роботите почнале да се расипуваат и по многу жалби и поплаки, третиот ресторан одлучил да ги отпушти сите освен еден и да вработи луѓе.

Според Жанг Јун од Универзитетот за технологија Guangdong, роботите можат умешно да се справат со задачи што се повторуваат, но тешко се снаоѓаат кога треба да остварат интеракција со луѓе.