VAGO е минијатурен компресор што заштедува и остава дополнителен простор во куферите при патување бидејќи ги вакумира меките предмети, како што е облеката.
Зад дизајнот на VAGO стои стартапот Creation Cell од Тајван, чија цел е преку нивниот уред да им олеснат на оние луѓе кои постојано патуваат, а имаат проблем со пакувањето на куферите.
Корисникот треба да ги стави предметите во кесите за вакумирање, да го вклучи VAGO, којшто веднаш почнува со компресирање на воздухот. Со тоа се создава дополнителен простор и на корисникот му помага со себе да има сите потребни предмети, облека, додатоци…
VAGO во себе има вграден сензор којшто регулира притисокот и автоматски запира откако целосно ќе се вакумира кесата, со што дополнително заштедува време и енергија.
Овој уред се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде првично побара поддршка од 30.000 долари, а којашто веќе надмина 45.500 долари.