Со НЛБ ден означен почетокот на месецот на штедење во НЛБ Тутунска банка

45

Со НЛБ денот во НЛБ Тутунска банка започна месецот на штедење. НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.

На НЛБ денот учествуваа деца од различни основни училишта, за кои беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема штедење со квиз, делење подароци и цртање. Собраните цртежи ќе учествуваат на завршната голема изложба на Банката на крајот на месецот на штедење.

Во текот на НЛБ месецот на штедење во периодот од 26.09.2012 до 26.10.2012 ќе бидат организирани 2 типа на активности:

–     Замена на стари касички со нови – Сите клиенти кои имаат било каква касичка ќе имаат можност да ја заменат со нова, а старите касички ќе учествуваат во големата изложба на Банката.

–     Собирање на цртежи на тема штедење – Сите клиенти ќе имаат можност да донесат цртеж на тема штедење во било која експозитура на Банката и да добијат подарок.

По завршување на НЛБ месецот на штедење ќе биде организирана голема изложба на сите цртежи и касички кои ќе бидат собрани во текот на кампањата. 10-те најдобри цртежи ќе бидат избрани од посебна комисија составена од реномирани македонски уметници и ќе бидат наградени со парична награда.