Фото: Pexels
Да верувате во себе и да бидете полни со самодоверба значи да бидете чекор пред другите. Постојат моменти во животот кога тоа ни е многу потребно. Самодовербата, како и се останато, се стекнува со тренинг и вежба. Не дозволувајте без неа да се појавите пред клиентите или на важен состанок.
Глумете додека не ја почувствувате
Самодовербата е најпотребна кога треба да се соочите со нови, непознати работи. Некогаш мора да направите неколку грешки пред да тргнете по вистинскиот пат. Можеби не се чувствувате сигурни во себе, но обидете се да глумите – чувството со време ќе ви прејде во навика.
Не мора да им се допаѓате на сите
Понекогаш толку многу сме обземени со тоа дека нема да не сфатат, што многу лесно се откажуваме. Не ги уништувајте сопствените соништа поради другите. Успешните луѓе знаат дека многумина нема да ги сакаат. Помирете се со тоа.
Станете дебелокожец
Мора да научите да одбивате и да бидете одбиени. Тоа што некому не му се допаѓа вашата идеја, не значи дека е глупава. Одбиена идеја не значи неуспех или пораз.
Запрашајте се каде лежи проблемот?
Многу често сме толку многу загрижени за својата иднина, па не е ни чудо што ни фали самодоверба. Запрашајте се што е тоа што најмногу ве мачи и дали имате решение доколку работите тргнат на лошо. Пронајдете ги вистинските одговори.
Повторувајте го своето мото
Можеби ви се чини дека не можете да го правите ова, но навистина не е тешко. Впрочем, тоа не треба да го правите пред другите. Смислете си мото, само ваша мантра, позитивна мисла и повторувајте ја во себе секогаш кога можете.