Токио ќе ги добие највисоките “зелени” згради

89

Toranomon-Project-by-ingenhoven-architects-1-1020x610Компанијата Ingenhoven architects го претстави најновиот проект наречен Toranomon, којшто вклучува изградба на две кули, едната со деловна другата со станбена намена. Зградите ќе зафаќаат површина од 175.000, односно 122.000 метри квадратни, пишува Arch daily.

Со тоа станбената кула, чија висина ќе достигне 220 метри, ќе стане највисока зграда од ваков тип во Токио. Објектите ќе бидат изградени околу веќе постоечката Toranomon Hills Mori кула и ќе бидат поинакви од останатите, со оглед на тоа што замислата на компанијата е истите да претставуваат еден вид на вертикална градска градина.

Централната кула ќе има зелени пешачки патеки и зелени тераси коишто ќе помогнат да се намали топлината и загаденоста на воздухот во градот. Проектот планирано е да вклучи и други зелени технологии како систем за комбинирано производство, преработка на отпадна вода, искористување на дождовницата и друго.

Кулите треба да бидат комплетирани до 2019 година.

Toranomon-Project-by-ingenhoven-architects-4-1020x610Toranomon-Project-by-ingenhoven-architects-5-1020x610Toranomon-Project-by-ingenhoven-architects-6-1020x610Toranomon-Project-by-ingenhoven-architects-2-1020x610