Европската унија и САД најавија почеток на преговори за слободна трговија. Разговорите за воспоствавување Северноатлантски договор за слободна трговија или TAFTA би требало да започнат уште оваа година. Со создавање на најголем светски трговски блок треба да се поттикне економскиот раст меѓу главните трговски партнери. ЕУ и САД сочинуваат нешто помалку од 50% од светската економија, а дневната размена е околу две милијарди долари.
“Ќе започнеме преговори за сеопфатно трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции со ЕУ, затоа што трговијата преку Атлантикот одржува милиони добро платени американски работи”, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го поздрави почетокот на преговорите за слободна трговија.
“Тоа ќе биде сеопфатен договор кој ќе оди и над тарифите, интегрирајќи пазари и тргање на границите. Се проценува дека кога ќе стапи на сила, европската економија ќе добие поттик од половина отсто од нашиот БДП, што преведено значи десетици милијарди евра и десетици илјади нови работни места”, изјави Баросо.
Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека преговорите нема да бидат лесни. Веќе се најавуваат потенцијални судири во земјоделската политика поради американското прифаѓање на ГМО, но и конкуренцијата меѓу фармерите, а нема да одат лесно ниту прописите во фармацевтската и автомобилската индустрија.