Швајцарија: Брендирање на име за новороденче за 29.000 долари

22

gorgeous newborn baby sleepingАгенцијата за брендирање Erfolgswelle со седиште во Швајцарија, освен давање име на одредени брендови, минатата година започна да нуди и брендирани имиња за деца, јавува Bloomberg.

Нејзиниот сопстветник Марк Хаусер на родителите коишто сакаат уникатно име за нивното бебе им наплаќа по 29.000 долари. За да дојде до името што најмногу ќе прилега, потребни му се две до три недели и околу 100 часа работа на процесот.

Најчесто во предвид се земаат неколку категории како на пример популарност, етичка страна, успех, мажественост/женственост на името и слично. Родителите ги одбираат овие консултанти за имиња од неколку причини: несогласување на двата партнери околу името, несигурност при изборот, премостување на одредени културолошки разлики и друго.