Од 4 мај, Јоb Fair 2016 oфицијално по дванаесетти пат ќе започне на Технолошко-Металуршкиот Факултет. Настанот ќе трае до 10 мај.
Во организација на БЕСТ – Скопје, овој настан претставува одлична шанса за соработка помеѓу студентите и компаниите. Целта на овој саем е да им понуди на студентите квалитетни работни места и пракса од областа на нивната стручност, додека пак на компаниите квалитетен и амбициозен работен кадар.
Официјалното отворање ќе биде на 4 мај во Амфитеатарот на ТМФ со почеток од 12:00. По официјалното отворање ќе се случува и networking настан кој ќе се оддржува во клубот на професори при анексот на ТМФ.
Деновите предвидени за штандови се на 5 и 6 мај, на Градежниот и Архитектонскиот факултет и на 9 и 10 мај, на Комплексот Технички факултети, со почеток од 10:00. Студентите ќе можат да им пристапат на претставниците од компаниите со цел да се информираат подетално или да се консултираат, како и да побараат одговор на голем број прашања. Студентите исто така ќе имаат шанса и да присуствуваат на разни предавања, презентации и обуки на теми.
Компаниите се исто така видно заинтересирани за соработка со студентите и за квалитетен работен кадар. Доколку студентите се заинтересирани за ваквиот вид на соработка со компаниите, сè што треба да направат е да го остават своето CV на официјалната веб страна www.jobfair.org.mk. Кратките биографии потоа стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании учеснички.
Заинтересираните студенти можат да го посетат саемот во предвидените денови, да го остават своето CV и да се приближат чекор поблиску до својата кариера!
Подетални информации за распоредот можете да погледнете на www.jobfair.org.mk или на Фејсбук: https://www.facebook.com/events/223990544626868/?active_tab=highlights.