Глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, на 28-ми април го прослави седмиот роденден.
По тој повод, еден од основачите, Јансеј Стриклер, на официјалниот блог на Kickstarter објави интересни факти за оваа платформа.
Тимот на Kickstarter
Тимот на оваа платформа го сочинуваат 137 лица. Најголемиот дел од нив работат во Гринпоинт, Бруклин. Нивните канцеларии се сместени во легендарната фабрика за производство на пенкала – Blackwing pencil.
Во тимот на Kickstarter се дел од најголемите поддржувачи на проектите. Тројца од нивните вработени се во групата на 20 најголеми поддржувачи на Kickstarer. Тиег се наоѓа на третото место со поддршка на 3.274 проекти, зад него е Џејмс, кој се позиционираше на 17-тото место со 1.789 поддржани проекти, додека на 20-тото место се најде и самиот Јансеј со 1.634 поддржани проекти. Целиот тим на Kickstarter заедно поддржа околу 12.900 проекти.
Само минатата година, тимот на Kickstarter порасна за 20%. Новите членови во тимот на оваа платформа дојдоа од Google, Facebook, Ideo, O’Reilly Media, како и од други компании и организации.
Главна цел – развој на општеството
Минатата година, на Kickstarter финансиска поддршка добија 100.000 креативни проекти, додека околу 2,3 милијарди долари се резервирани за поддршка на нивната реализација.
На Kickstarter беше поставен проект за филм што доби номинација за Оскар, како и музички албум номиниран за Греми награда. Околу 100 милиони долари добија проекти посветени на документарни филмови, 400 милиони долари за развој на игри и 400 милиони долари за развој на производи.
Седмата година посветена на развојот
Kickstarter минатата година стана таканаречена јавно корисна корпорација (Public benefit corporation), којашто им стои на располагање на артисти, креатори, дизајнери… Во текот на 2015 година, меѓу останатите активности, Kickstarer отвори и кампус којшто има за цел споделување на искуство и знаење и може да им биде од голема корист на потенцијалните креатори или дизајнери да ги развијат и оформат нивните идеи.