Во комплексот Auberge Beach Residences & Spa, којшто се наоѓа во Флорида, е сместен South Tower што истовремено е и најскапиот дом од ваков вид во сончевата држава, пишува Robb Report.
Пентхаусот беше неодамна продаден по цена од 8,9 милиони долари. Луксузниот станбен простор има елегантен и модерен стил на уредување што го одликуваат големи прозорци, приватен лифт, дневна соба со отворен концепт и спирални скали. South Tower зафаќа површина од 600 метри квадратни, а во состав на пентахусот се наоѓа и затворена тераса со неверојатен поглед на океанот.
Секоја спална соба нуди поглед на прекрасното синило, а големата тераса располага со базен и простор за релаксирање и дружење. Освен тоа, имотот вклучува и вински подрум, голф симулатор, клуб и спа соба, како и соба за љубители на пури.