Кардио-центар при клиничка болница Аџибадем Систина

102

Професионалниот тим кардиолози и кардиохирузи со долгогодишно искуство нуди брзо дијагностицирање и најсовремен третман при нарушувања на срцевиот ритам. Eдинствено кај нас имате можност за изведување на: електрофизиолошки испитувања, аблација кај срцеви аритмии, вградување пејсмејкери, срцева ресинхронизација, вградување на имплантибилни кардиовертери и дефибрилатори со најсовремени апарати од водечките производители во светот. Во случај на постоење на индикација, тимот на кардиохирурзи изведува целокупен спектар на кардиохируршки зафати, од најрутински до најкомплексни процедури на отворено срце. Тимскиот пристап во дијагностиката и терапијата кај секој пациент гарантира ефикасност и врвен квалитет.

Годинешното мото под кое се одбележува Светскиот ден на срцето е One world, one home, one heart (Еден свет, еден дом, едно срце).