Manila Social Club, ресторан во Бруклин, во своето мени нуди десерт што нема да ве остави рамнодушни, пишува Page six. Станува збор за крофна обложена со сребро и платина, полнета со фил од текила и со необичен вкус на роза, цитрусно овошје, чили и ѓумбир.
За да ја направи оваа скапоцена крофна, ресторанот ги здружи силите со брендот за алкохолни пијалоци Patron Platinum.
Оние што сакаат да ја пробаат крофната треба да платат 150 долари, а парите од секое продадено парче одат во американско здружение за борба против ракот.