Австралиски претприемачи продаваат конзервиран свеж воздух

44

1462345190879Австралиската компанијата Green & Clean Air, чии основачи се Џон Дикинсон и Тео Руигрок, собира воздух од бројни незагадени локации низ континентот, вклучувајчи ги Сините планини, Тасманија и Златниот брег.

Тие неодамна ја проширија својата понуда со воздух од Нов Зеланд, пишува Inhabitat. Едно пакување чини 14,6 долари, а од една конзерва корисникот може да се искористи 130-140 длабоки вдишувања. Дишењето се прави преку специјална маска што се става на устата и носот.

Според Џон и Тео, воздухот од различни локации има различен “вкус” – оној од плажа мириса на океан, додека планинскиот има арома на еукалиптус. Конзервите најмногу се извезуваат во загадените делови во Кина, но се продаваат и на туристи кои сакаат да понесат спомен од нивното патување во Австралија.