Фото: Pixabay
Управувањето со времето е вистински предизвик, а во следните редови ви откриваме кои се најлошите уништувачи на продуктивноста во работата.
OfficeTime.net неодамна спроведе истражување токму на оваа тема. Анкетираните биле сопственици на мали фирми, “слободни стрелци”, но и други професиноналци ширум светот, кои сметаат дека залудно си го трошат времето.
Пописот го покажува она за кое веројатно сите сме свесни: иако технологијата го олеснува извршувањето на обврските, нејзиното користење со себе носи и некои негативни трендови. Изгледа дека сепак не штеди толку време колку што се сметаше.
Ова се активностите на кои залудно се трошат по два часа дневно:
10. Занимавање со бирократски работи – 8%
9. Разговарање на мобилен телефон, праќање СМС пораки – 10%
8. Социјални мрежи – 11%
7. Патување до работа и назад – 13%
6. Разговори што не се поврзани со работа – 16%
5. Состаноци – 18%
4. Одложување, развлекување со работата – 19%
3. Гледање телевизија – 26%
2. Пребарување по интернет – 27%
1. Електронска пошта – 33%