Во стоковната куќа Harrods во Лондон со почеток од 29 јуни до крајот на јули, во делот за прехранбени производи ќе има изложба од желе градби, дела на лондонското студио Bompas & Parr, пишува 2luxury2.
Штандот на желе ќе вклучува разни познати градби, како на пример Бакингемската палата, со интересни вкусови – ф’стак и роза, виски, сезонско овошје, црвено вино и сливи, апсинт и лимета, малини, боровинки, шампањ…
Изложбата наречена Слаткарница на чудата од желе (Jelly Parlour of Wonders) ќе биде дел од прославата на деветгодишното успешно работење на Bompas & Parr. Посетителите ќе можат да пробаат и да си понесат дома некои од вкусните желе градби, како и да нарачаат изработка на желе реплика од нивните домови.
Покрај малите порции од желе коишто ќе можат да се јадат, студиото ќе изложи и големи структури што дополнително ќе го разубават просторот, но нема да бидат наменети за дегустација.