Квиз: Одберете геометриска форма и дознајте нешто повеќе за вас

formi

Интересен тест што преку геометриски форми открива многу работи за вашиот карактер. Сè што треба да направите е да одберете една од следниве геометриски форми: квадрат, круг, триаголник, правоаголник и искршена линија (цик-цак). Размислете со кој облик најмногу се поистоветувате и најдете го одговорот во продолжение.

Квадрат

Ако сте одбрале квадрат вие сте вредна личност, посветена на работата и секогаш се стремите темелно да го завршите започнатото. Собирате информации, добро ги организирате и во секој момент знаете да го пронајдете тоа што ви треба. Логиката и математиката се ваша силна страна. Вие секогаш ги пресметувате и анализирате проблемите додека не дојдете до решението и многу помалку се потпирате на инстинктот или нечие друго мислење. Не сакате изненадувања и неочекувани работи. Во светот на бизнисот овие луѓе можат да функционираат одлично како директори и извршни менаџери.

Триаголник

Оваа форма симболизира лидерство. Главна особина на овие личности е фокусирањето на целите и брзата анализа на ситуациите. Тие се луѓе со голема самодоверба и сакаат да бидат секогаш во право. Многу тешко си ги признаваат своите грешки, лесно учат и ја апсорбираат секоја информација. Кариерата им дава значење во животот и затоа фокусот е ставен на нејзино градење. Умеат да оценат дали бизнисот може да донесе профит и одлични се при презентација на проект и слично пред претпоставените. Фокусирани се кон успех и можат да водат жестоки битки со конкуренцијата.

Правоаголник

Луѓето кои се идентификуваат со оваа форма најчесто не се задоволни со нивните животи и постојано се по потрага по нови можности. Често се збунети, несигурни и најголемиот дел од времето размислуваат за своите проблеми. Им недостасува самодоверба и не се постојани во своето однесување. Нивни позитивни карактеристики се: љубопитност, храброст и интерес за сè. Се обидуваат да направат нешта што никој досега не ги пробал и поставуваат прилично смели прашања.

Круг

Кругот е симбол на хармонија. Оние што ја одбираат оваа форма сакаат да имаат добри односи со сите, ги вреднуваат луѓето најмногу од сè и се најголеми доброчинители од сите пет форми. Фамилијата им е многу важна и тие се личностите што го држат целото семејство заедно. Тие се столб на групата и секогаш покажуваат емпатија. Ги водат емоциите и креативноста во размислувањето. Информацијата ја процесираат на интересен мозаичен начин, дел по дел, и се фокусираат на субјективните аспекти на проблемот.

Искршена линија

Искршената линија или популарно наречена цик – цак е симбол на креативноста. Луѓето што се идентификуваат со оваа форма, фокусот го ставаат на сликите, односно визуелното. Не се фокусирани на детали, што го поедноставува начинот на којшто го гледаат светот. Секогаш се обидуваат да најдат внатрешна убавина и хармонија. Овие луѓе не можат да работат на едно место подолго време и секогаш бараат нешто ново, повозбудливо. Повеќе ги интересира иднината и можностите, отколку реалноста.