Шкода инвестира во “позелена” иднина

40

SKODA_FABIA_GREENLINEШкода ја промовираше GreenFuture стратегијата за животна средина, чија цел е да се подобри одржливоста на компанијата. Фокусот на стратегијата е производство на енергетски ефикасни возила и промовирање на поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата.

Производството на Шкода се насочува да употребува 25% помалку енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид и уште поголемо рециклирање до 2018 година. Целта е да се подобрат економските перформанси и да се намали влијанието врз животната средина. Ова е начинот како чешкиот автомобилски производител ќе ги исполни еколошките цели на групацијата Volkswagen до 2018 година.

“За да ги постигнеме нашите цели, ние ја засилуваме нашата стратегија за одржливост. Под името GreenFuture, обединивме тим од експерти за уште поефикасна контрола на еколошките активности на Шкода”, изјави д-р Винфрид Валанд, претседателот на Шкода ауто.

GreenFuture се заснова на три столба: GreenProduct, GreenFactory и GreenRetail.

GreenFactory се фокусира, пред се, на варијаблите како што се потрошувачката на енергија и вода, количеството на отпад кое се создава при производството на секое возило, како и емисиите на јаглерод диоксид и испарливи органски соединенија кои се создаваат кога се бојадисуваат каросериите на возилата.

GreenProduct се однесува на одржливата мобилност, која во моментов е главно претставена преку моделите GreenLine и Green tec. Зголемената употребата на најмодерната технологија кај сите модели, придонесува за поефикасно работење и намалување на влијанието врз животната средина Во моментов има 48 модели на Шкода кои создаваат помалку од 120g/ km CO2, вклучувајќи ги и десетте возила со под 100g/km. Флота од десет електрични автомобили моментално е на тест – Octavia Green E Line – и се прибираат податоци од истражувањето на мобилност со нула – емисија на CO2. Понатаму, најмалку 85% од деловите на сите нови возила на Škoda, ќе можат да се рециклираат.

Третиот столб е GreenRetail – еколошки дистрибутери и гаражи; аспекти кои се наречени еколошки ревизии. Тука се проверува усогласеноста со стандардите за животната средина, се наградуваат “зелените дистрибутери” и се организираат случувања како на пример “Spring Clean 2012” – кога беа собрани околу 95 тони на непотребен или остаточен материјал од магацините на сервисните партнери во Чешка. Речиси 90% од тој материјал можел да се преработи.