Ѕeat Leon е најдобар автомобил за 2013 во Македонија

62

Seat-Leon-2013-26Ѕeat Leon е избран за Автомобил на годината во Македонија, од страна на националното жири, и со тоа стана 18-ти освојувач на оваа титула. Во конкуренција на осум финалисти, Ѕeat Leon ја освои титулата со четири гласа од жирито, додека двајца членови своите гласови ги дадоа за Рeugeot 301.

Жирито одлучи признанието SUV на годината во Македонија да го понесе, Мitsubishi Оutlander додека како резултат на импресиите од Рeugeot 301, реши да му додели специјално признание за адекватност на македонскиот пазар.

Автомобилите беа оценувани по следниве карактеристики: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Досега титулата Автомобил на година, во Македонија ја освоиле Фиат Браво/Брава (1996), Рено Меган (1997), Опел Астра (1998), Шкода Октавија (1999), Фиат Пунто (2000), Сеат Леон (2001), Тојота Корола (2002), Мазда 6 (2003), Мазда 3 (2004), Сеат Алтеа (2005), Фолксваген Пасат (2006), Опел Корса (2007), Киа Сид (2008), Фолксваген Голф (2009), Опел Астра (2010), Хјундаи И Икс 35 (2011) и Киа Рио (2012).

Свеченото доделување на титулата Автомобил на 2013 година во Македонија ќе се одржи на 28 февруари во хотелот Александар Палас во 20 часот.