Birkin чанта од луксузниот француски бренд Hermès го сруши рекордот за најскапо продадена чанта во историјата на аукција што неделава се одржа во аукциската куќа Christie’s во Хонг Конг, пишува Luxuo.
Неименуван купувач понуди неверојатни 298.655 долари преку телефон и стана сопственик на луксузната чанта.
Она што е посебно кај неа се деталите од 18 каратно бело злато, кожата од крокодил, како и ретките 245 хималајски дијаманти. Изработена е во 2008 година и е дел од познатата серија на брендот Birkin, зад чие име стои британската актерка Џејн Биркин што живее во Франција.
Новиот рекорд го победи претходниот што беше поставен лани исто така во Хонг Конг, кога Hermes чанта со виолетово-црвена боја беше продадена за 222.912 долари.