Американската компанија Walmart тестира беспилотни летала за проверка на залихите во магацините, пишува Reuters.
“Уште сме во рана фаза на тестирање и анализирање на тоа како беспилотните летала би можеле да се користат за различни бизнис функции“, изјави заменик претседателот на Wal Mart, Шекар Натајаран.
Дроновите се движат низ магацинскиот простор и снимаат 30 слики во секунда, ги скенираат кодовите и на тој начин прават попис на производите. Еден посебно опремен дрон може за само еден ден да изврши толку задачи колку што би сработил еден вработен за цел месец.