Малиот остров Гападо што се наоѓа во јужниот дел на Јужна Кореја моментално служи како тест место за обезбедување на обновлива енергија за островот Џеџу којшто е во трка да стане првото место во светот со нула јагледородни емисии.
Овој остров се очекува да стане целосно еколошки до 2030 година, пишува Channel News Asia.
На островот Гападо моментално живеат 177 жители кои за своите потреби од енергија во најголема мера се потпираат на енергијата од сонцето и ветерот. За таа цел електричните столбови се заманети со подземни кабли и инсталирани се две ветерни електрани и соларни панели на покривите од куќите.
Досега потрошени се вкупно 100 милиони долари со цел Гападо да стане остров без јалеродни емисии и да послужи како модел за Џеџу да ја постигне истата цел до 2030 година. Двете ветерни електрани создаваат 500 киловати енергија, а од вкупно 97 домови во Гападо 48 имаат инсталирано сончеви генератори.
Кога времето е облачно жителите можат да ја користат зачуваната енергија од сонцето и ветерот. Сончевите и ветерните генератори се поврзани со паметни мерачи и паметен систем на електричната мрежа и со тоа местото е како една гигантска батерија. На островот има само девет автомобили од коишто четири се елетрични, а туристите кои го посетуваат ова еко место одат пеш или користат велосипеди.