Какви кандидати за работа бара основачот на Dropbox?

dropbox

Во интервју за New York Times, Дру Хјустон, основач и извршен директор на компанијата за споделување и чување на документи, Dropbox, открива какви вработени бара и какви прашања им поставува на кандидатите на интервју за работа.

Ме привлекуваат луѓе кои навистина си ја сакаат работата, кои секогаш се трудат да станат подобри и опседнати се со тоа што го двои одличното од доброто.

Ова се некои од прашањата што ги поставува:

Кој е најдобриот во светот во полето во кое работиш, кој е твојот идол?

Што научи минатата година?

Ако имаш можност да седнеш со себе каков што си бил/а пред 10 години, каков совет би си дал/а?

Која е најважната лекција што си ја научил/а?

Според магазинот Forbes, Хјустон “тежи” 1,39 милијарди долари. Business Week го прогласи за еден од најперспективните “играчи” под 30 години, а според Inc.com се најде на листата претприемачи Топ 30 под 30. Dropbox е наречен еден од 20-те најдобри стартапи на Силиконската долина и е една од најуспешните инвестиции на акцелераторот Y Combinator.

Американскиот претприемач, пред да го основа Dropbox, работеше на неколку стартапи како Bit9, Accolade и Hubspot.