Секојдневно слушаме илјадници звуци, некои од нив пријатни, но и такви што нè вознемируваат и деконцентрираат. Решение за тој проблем е акустичниот уред Muzo.
Уредот користи таканаречена антивибрациона технологија, што ги минимизира сите непосакувани звуци во непосредна близина на корисникот.
Muzo користи технологија што ги генерира динамичните и реалните звуци. Уредот може да се управува преку апликација за паметни уреди и работи во три режими: создава тивко место без вибрации, за постигнување подобар и квалитетен сон, а третиот се грижи да се заштити приватноста на разговор на некое јавно место.
Зад овој акустичен изум стои американскиот старт – ап Celestrial Tribe, којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, има потреба од 100.000 долари.