Gwynnie Bee – сервис за изнајмување големи броеви на облека

210

PLUS size

Gwynnie Bee е онлајн сервис за изнајмување на облека со големи броеви (plus size), за којшто стои претприемачката Кристин Хансикер.

“Пред неколку години дојдовме на идеја да создадеме нова услуга што ќе им помогне на жените да пронајдат, искусат и да уживаат во одлична гардероба без никакви граници. Веруваме дека модата има способност за трансформација и да им помогне на луѓето да се чувствуваат извонредно“, напиша Кристина на официјалната страница на Gwynnie Bee.

Преку оваа услуга, таа им помага на илјадници жени да го изберат соодветниот модел што најмногу им се допаѓа и им прилега. Овој старт – ап, којшто е основан во 2011 година, нуди две опции – изнајмување и продажба на моделите.

На почетокот за дизајнот на облеката била задолжена Кристин заедно со нејзиниот тим, но поради зголемениот интерес таа ангажира цела екипа на дизајнери и креатори. На своите клиенти им дозволува да учествуваат во процесот на изработка на облеката со нивни сугестии и идеи.