Amante Beach Club Cinema – најлуксузното кино под отворено небо

53

150701_Amante_019_0Ибица е позната по ноќниот живот, но освен тоа нуди и поинаков вид на забава – кино под отворено небо. Amante Beach Club Cinema е една од туристичките атракции што е интересна како и забавите што траат по цели денови.

Се наоѓа во местото Аманте, на самиот остров и тоа не е обично кино, туку луксузно уживање под ѕвездите. Посетителите комотно можат да го погледнат својот омилен филм на удобните кревети, додека пијат квалитетно вино и грицкаат вкусни предјадења во едно прекрасно природно опкружување.

Погледот кон заливот Sol d’en Serra е посебно романтичен на зајдисонце, што може да го одвлече вниманието од вечерната проекција. За цена од 50 евра гостите можат да добијат неограничена количина на пуканки, префинето вино и меко ќебенце што може да биде од корист ако падне температурата.

Проекциите во ова кино се одржуваат од јуни до септември од 22:30 часот.

150526_Amante-Movie_0021luksuz-fancy-bioskop-ibica-99luksuz-fancy-bioskop-ibica (6)Lime & Coconut at Amante Photograph by Nic Click