Пуканки со малку поинаков вкус

201

Luksuz-Tatabi Studio-Diz-Diz-mikrotalasna-kokice-Olimp-antika-dizajn-panija-Grka-99Шпанското дизајнерско студио Tatabi, инспирирано од планината Олимп во Грција, креираше интересно пакување за потребите на производителот на пуканки Diz-Diz.

Бојата, текстурата и автентичноста на амбалажата наликуваат на нешто божествено, но истовремено и забавно благодарение на четирите необични вкусови на пуканките: пармезан, ванила, цимет и кари.

Кесичките во кои се сместени пуканките се прекриени со фолии во различна металик боја дизајнирана специјално според вкусовите. Истите потоа се сместени во пластична кутија со мермерен дизајн. Специјалното издание е наменето за прослава на почетокот на Олимписките игри што ќе се одржат во Рио, Бразил, ова лето.

Luksuz-Tatabi Studio-Diz-Diz-mikrotalasna-kokice-Olimp-antika-dizajn-panija-Grka (3)Luksuz-Tatabi Studio-Diz-Diz-mikrotalasna-kokice-Olimp-antika-dizajn-panija-Grka (4)