Yahoo укинува работа од дома

46

yahooYahoo на своите вработени им ја укина можноста да работат од дома, пренесува Mashable. Ваква одлука донеле затоа што сметаат дека со работа од дома се губи продуктивоста.

“Некои од најдобрите идеи се раѓаат од дискусии по ходници и кафетерии, сретнувајќи се со нови луѓе и на импровизирани состаноци. Брзината и квалитетот се најчестите жртви при работа од дома. Мора да биде само еден Yahoo, а тоа почнува така што ќе бидеме физички заедно”, стои во дописот на шефицата од одделот за човечки ресурси кој протече во јавност.

Оваа одлука е дочекана со незадоволство кај вработените од компанијата.