За помалку од година дена Мајами ќе добие ултра луксузен терминал што ќе може да ги прими најголемите бродови во светот, пишува Herald tribune.
Проектот е заедничко дело на компанијата Royal Caribbean Cruises Limited и округот Miami Dade. Цената за изградбата на таканаречената круна ќе биде околу 200 милиони долари, а градбата ќе се наоѓа на пристаништето во градот. Терминалот ќе зафаќа површина од 1.700 метри квадратни, а се очекува низ него годишно да поминуваат околу 1,8 милиони патници.
Овој проект ќе придонесе за подобрување на економијата во градот со тоа што ќе се обезбедат околу 4.000 добро платени работни места. Новиот терминал има едноставен и елегантен дизајн, а истиот е дело на архитектонската компанија од Сингапур, Broadway Malyan. Компанијата се натпреваруваше заедно со уште четири архитектонски студија за овој проект, вклучувајќи ја и светски познатата Заха Хадид.