Осум знаци дека сте опседнати со контрола

162

kontrola

Фото: Pixabay

Оние кои се опседнати со контролирање на работите, попознати како “control freaks”, ретко се свесни дека спаѓаат во ова категорија на луѓе. Тие веруваат дека им помагаат на другите со нивниот “конструктивен критицизам”, но всушност сакаат само да ги прилгодат работите според нивните интереси.

Сакате да дознете дали и вие спаѓате тука? Еве ги осумте знаци за “самодијагноза”:

1. Верувате дека ако некој смени една или две работи од карактерот, вие ќе бидете посреќни. Така вие им “помагате” да го сменат однесувањето, со тоа што постојано ги критикувате.

2. Се обидувате да ги “изменаџирате” другите така што да одговараат на вашите (често нереални) очекувања.

3. Судите за туѓото однесување како добро или лошо и проектирате пасивно-агресивно однесување додека другите не се прилагодат на вашите очекувања.

4. Нудите “конструктивен критицизам” како начин со кој ќе ја забрзате вашата агенда.

5. Ја менувате вашата личност и она што сте, се со цел некој да ве прифати. Со самото тоа вие ги мамите другите.

6. Презентирате најлоши можни сценарија во обид да оттргнете некој од одредени влијанија и да го насочите кон други. Вие всушност ширите страв со тоа.

7. Тешко ви паѓа кога работите се нејасни и не се помирувате кога немате информации за некое случување.

8. Интервенирате во името на другите луѓе кога се обидувате да го објасните или критикувате нивното однесување кон некој трет.