Романија една од најголемите извозници на обувки во светот

50

cevli

Романија е 14-ти најголем извозник на обувки во светот, со вредност на извозот од 1,3 милијарди долари, пишува Romania Insider.

Во Романија се произведуваат некои од најскапите чевли во светот со просечна извозна цена од 24 долари. Поради тоа, оваа земја е на петто место во светот по производство на скапи чевли. Италија е на прво место во светски рамки со просечна цена од 51 долар за еден пар чевли. На дното на листата се најде Кина со просечна цена од 4,4 долари за еден пар.

Текстилната индустрија во Романија сочинува 10% од вкупниот извоз на земјата. Овој сектор е втор најважен кога станува збор за извозот, веднаш зад автомобилската индустрија.