Below Freezing Chocolatory – ново замрзнато чоколадно искуство во Токио

49

sub81Nestlé Japan веќе има осум Kit Kat таканаречени чоколадни бутици во светот, а ова лето компанијата се одлучи да ги изненади своите купувачи со едно ултра ладно искуство, т.е. поп – ап чоколаден бутик во Токио. Продавницата ќе биде наречена Below Freezing Chocolatory и ќе биде отворена само 12 дена, пишува Japan Today.

На чело на новиот Kit Kat чоколаден бутик е јапонскиот слаткар Јасумаса Такаги, познат по креирање на најиновативните производи на брендот. Тој овој пат го подготви Minus-196 Degrees Celsius Kit Kat, чоколадо на база на течен азот што го смрзнува и му дава на производот неверојатна ладна и крцкава текстура. Такаги од сите варијанти на Kit Kat го одбра чоколадното задоволство Moleson да биде дел од овој “леден“ експеримент. Moleson се вкусни чоколади обложени со суво овошје и ореви што беа преставени на почетокот на годинава.

Kit-Kat-Chocolatory-Moleson

Клиентите коишто ќе ја посетат продавницата ќе имаат можност да креираат нивни Kit Kat производи одбирајќи три од вкупно 20-те достапни состојки за прелив и сосови што персоналот потоа ќе ги приготви во стилот на Moleson, пред истите да ги излади во течен азот. Овие Kit Kat производи со печат од посетителите и изладени на -196 степени ќе се продаваат во ограничено издание само во Below Freezing Chocolatory.

Смрзнатото чоколадно искуство ќе трае од 5-ти до 16-ти август.