Walmart ќе продава “грдо” овошје и зеленчук во борба против фрлањето на храна

74

i'm perfect jabolka

Најголемиот ланец на продавници во САД, Walmart започна со продажба на таканаречени грди јаболка спакувани во амбалажа на којашто пишува I’m Perfect, или Јас сум совршено, во 300 одбрани продавници во Флорида, САД, пишува Npr.

Како што истакнуваат од компанијата, целта на оваа кампања е да се намали фрлањето на храна и да се истакне дека и несовршените овошја и зеленчуци се исто толку хранливи како и оние чиј изглед мами на прв поглед.

imgpsh_fullsize

Фрлањето на храната е голем проблем во развиените земји и луѓето се многу пребирливи кога станува збор за овој вид на храна. Земјоделците знаат кои намирници ќе бидат одбрани од купувачите, па оние “грдите” за жал завршуваат во отпад, со што и нивниот труд е ставен во заден план.

За оваа цел, Walmart склучи партнерство со добавувачи од Вашингтон за да ги донесе овие јаболка во нивните продавници. Ланецот има повеќе од 4.000 продавници во САД, а започна со овој тест уште во април, со продавањето на Spuglies во Тексас – компири оштетени од временски непогоди.