Калифорнија за пет години ќе ја добие најголемата пловна ветерна електрана

63

veternici

Најголемата пловна ветерна електрана се очекува да почне со работа во 2021 година на брегот на Калифорнија, пишува Inhabitat.

Вкупно 100 пловни турбини ќе произведуваат 765 мегавати енергија, којашто ќе биде доволна за снабдување со струја на 200.000 домови. Пловната платформа, којашто е поддршка за ветерните турбини, ќе биде прицврстена на дното на водата.

Инсталирањето на оваа постојка е евтино, но потребни се од четири до девет милиони евра за челични кабли. Зад овој проект стои енергетската компанија Trident winds.