Граѓаните од денеска ќе можат да плаќаат со картички преку ПОС терминали на шалтерите при аплицирање за нови лични документи.
Со ова постапката се поедноставува и се кратат времето и трошоците за граѓаните.
Денес проектот ќе биде промовиран од страна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.