Како правилно да го започнете денот и да ја зголемите самодовербата

samodoverba-pexels

Фото: Pexels

Ејми Кади, психолог од Харвард советува како правилно да го започнеме утрото за да имаме енергија во текот на целиот ден, пишува Business Insider.

Според неа, сè започнува со протегнувањето во кревет. Така, уште пред да станете на нозе, протегнете се колку што можете повеќе, односно колку што ви дозволува креветот. Ова е сосем едноставна работа, но навистина делува.

Постои и теорија зад овој метод наречена Power Posing, според којашто невербалната комуникација, односно сопствените движења (пози) на телото можат да ни влеат поголема самодоверба.

Со заземената поза на протегање, проектирате големина, што пак му кажува на мозокот дека верувате во својата моќ. Кади вели дека кога замислувате дека сте моќни, поголеми се шансите навистина да се чувствувате така. Според неа спиењето во згрчена позиција – како фетус, го има обратниот ефект, па затоа треба да се избегнува.