Париз ќе биде без сообраќај на 25 септември

47

Screen-Shot-2016-08-22-at-19.55.47Во недела, на 25 септември, Париз ќе биде затворен за моторизирани возила, оставајќи им простор на пешаците, велосипедистите и разните улични програми, пишува Forbes. Парижаните и сите посетители ќе имаат ретка можност да го видат градот ослободен од врвулицата автомобили.

Journée sans voitures ќе биде второ случување од ваков тип во градот, а ќе се одвива од 11 претпладне до шест часот попладне на поголем простор во споредба со минатата година. Ќе бидат дозволени само велосипеди, трицикли за испорачка, немоторизини скутери, скејтборди и ролери. Единствено исклучок ќе се прави за возила на брзата помош. Вкупно 648,15 километри од патиштата ќе бидат ослободени од автомобили, односно 45% од целиот град.

Со ова властите очекуваат дека ќе ја подигнат свеста кај граѓаните за рационално користење на автомобилите. Освен тоа, со иницијативата ќе се обидат да пренесат порака и до другите поголеми градови да преземат слични мерки.

Настанот е идеја на независната невладина организација Paris Sans Voiture, Collective Citoyen.