FarmBot – робот за одгледување зеленчук во домашни услови

145

farmbot

FarmBot е роботски систем што овозможува одгледување на растенија во домашни услови, пишува Singulatgory Hub.

Овој автономен систем овозможува производство на храна во двор, градина или на покрив од некој објект. Креаторите на FarmBot велат дека системот е многу лесен и едноставен за користење, па корисникот треба само да ги следи упатствата, да има активна интернет конекција, извор на енергија и вода.

farm bot

Во мала градина голема колку душек за спиење, роботската машина сее семиња од различни зеленчуци. Машината ја контролира влажноста на земјата, ги наводнува растенијата и ја плеви тревата.

“Наш идеален клиент е оној кој сака технологија и кој би сакал самостојно да одгледува зеленчук, а нема време за такво нешто“, вели Рори Аронсон, еден од основачите на FarmBpot за Voice of America.

Деловите од овој робот се направени од алуминиум, нерѓосувачки челик и пластика испечатена со 3D печатач.

Засега FarmBot се продава во само една големина, а чини 3.100 долари.