Што значи да се биде претприемач во неколку реченици

biznis

Фото: Pixabay

Не постои една дефиниција за тоа што го прави претприемачот, за тоа со што се соочува и како ги поднесува сите случувања, луѓе и средби. Подолу ќе најдете неколку дефиниции што ќе помогнат да се опише претприемачката приказна.

Треба секој ден да излегувате од вашата комфорна зона.

Првиот обид да го претставите производот или услугата најверојатно нема да биде успешен.

Ќе морате да бидете добри и фини со многу луѓе што всушност воопшто не ви се допаѓаат.

Со започнувањето на претприемачката приказна од клучно значење е да станете одличен слушател за вашите клиенти, вработени, инвеститори… за секој што на некој начин ќе биде поврзан со вашиот бизнис.

Многу често ќе морате да го жртвувате слободното време и семејниот живот за сметка на работата.

Веќе нема да имате одредено работно време. Вашиот работен ден ќе трае повеќе од вообичаено, а понекогаш и цел ден, цена ноќ, па и цела недела без слободен ден.

Обидот да се најдат пари, клиенти или купувачи ќе биде многу потежок отколку што сте очекувале. Ќе наидете на многу негативни одговори и затворени врати.

Имате повеќе административна работа отколку што сте можеле да замислите.

Треба многу брзо да научите да се опкружувате со луѓе што ќе ве поддржат, а не со такви што шират негативна енергија. Тоа понекогаш ќе значи одбивање на близок пријател или член од фамилија.

Ќе се борите да го одржите вашиот производ/услуга уникатни за да се разликувате од конкуренцијата.

И успехот и неуспехот на вашата компанија ќе натежне многу на вашите рамена.

Опасноста да изгубите сè ќе демне во секој момент.

Треба многу да ја совладате вештината да го побарате тоа што го сакате.

Секој ден ќе постои некој проблем што треба да се реши.

Постојано ќе мислите на парични текови и ќе се надевате дека клиентите ќе ви платат во најбрз можен рок.

Оние пријатели што ќе останат да работат од осум до четири (девет до пет), никогаш нема да разберат дека навистина имате толку работа.

Во еден момент ќе станете човек за сè.

Ако нештата тргнат во добра насока, еден ден ќе сфатите дека не може сè да правите сами и дека ќе треба на некој друг да префрлите дел од одговорноста.

За година дена ќе разберете дека успехот што сте мислеле дека ќе дојде преку ноќ, уште долго време ќе патува пред да ја стигне својата станица.