InfiniteRoses – рози што остануваат свежи без вода цела година

160

Only-Roses-6Лондонската компанија OnlyRoses, специјализирана за трговија со ретки видови на рози, нуди уникатно издание на овие цветови под името InfiniteRoses. Станува збор за исклучително убави рози со потекло од Еквадор и висина на стеблото до метар и половина.

Она што е интересно кај нив е тоа што ја одржуваат својата свежина без вода до година дена. Како што велат од компанијата, воопшто нема да се разликуваат ако по неколку месеци ги споредите со свежо набрани рози.

Ги има во природните бои, но располагаат и со необични нијанси како црна, темно зелена, темно виолетова, кралско сина…, а аранжманите што можат да се направат со нив ги надминуваат сите очекувања.

OnlyRoses_ArabianNightsweb593x50rose2OnlyRoses_InfiniteKabuki_Triple_05_LOWRES