МАЧР: Осма интернационална конференција за човечки ресурси – најголем HR настан за оваа година

11

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ја организира осмата интернационална конференција за човечки ресурси и HR Expo 2016, на тема Ангажираност на работниците и идните компетенции за економска благосостојба (Employee Engagement & Future Competencies for Economic Well-being). Конференцијата ќе се одржи на 13 и 14 октомври во хотел Мериот.

“Она што за компанијата е од најголема важност е дека вистинските луѓе ја предводат организациската ефикасност и резултатите, а на долг рок, тие се оние кои ја креираат и ја развиваат општата благосостојба на економијата. Предизвикот, односно прашањето што се поставува е: Како да се пронајдат овие луѓе? Како да се задржат? Како да останат ангажирани? Како да се негуваат нивните таленти? Како да се развие и да се воспостави соодветна програма на компетенции во организацијата? Токму ова е нашата цел за настанот, за да се одговорат и да се разгледаат овие и многу други прашања на овие тематски содржини, од страна на истакнати директори за ЧР, бизнисмени и претставници на академската заедница, како гости говорници на настанот, кои ќе споделуваат реални, практични искуства од компании во различни индустрии, во регионот и пошироко”, вели Христина Лозаноска, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Некои од гостите говорници што ќе имаат свое обраќање на конференцијата се Ана Мамалаки од Titan (Грција), Гвинет Летербароу, Feelgood Coaching and Consulting (Австрија), Лукас ван Вис, KLM (Холандија), Ацо Момчиловиќ, Rimac automobili (Хрватска), Др. Јака Вадњал, Hranilnica LON d.d. (Словенија), Зана Бокши Казази, KEP Trust (Косово), Стив Кокрам, Giant Worldwide (Велика Британија). Својата инспиративна приказна ќе ја раскаже и светски познатиот пијанист Симон Трпчески.

Повеќе на http://www.mhra.mk/.